ЛАТАС: Северна е банкpoт држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гледаме како изгледаат решенијата на СДСМ: земи од работниците дај и на државата. Државата ги зема парите и ги троши по тендери без контрола. На крај, нема пари ни кај граѓаните ни кај државата. СДСМ, како и по транзицијата, ќе си заминат богати, а ние остануваме со последиците и долговите.

Не треба да бидеш економист за да разбереш: ако државата ги скрати платите на минималец, нема од каде да се земат даноци, нема промет и следат откази. Ако нема кој да плаќа даноци државата оди во банкрот. Просто и секому разбирливо. Затоа сите во Европа, и САД, се трудат платите и вработеноста да се сочуваат, за да има кој да плаќа даноци и да троши со што ќе сочува туѓо работно место. Но, ние не сме ни европјани ни Американци, ние сме најпаметни, социјалдемократи. Да не ги потсетувам дека пред епидемијата за коцкарски апарати на Државна Лотарија отидоа 14 милиони евра. За СЈО дадоа 16 милиони евра за да им обезбеди еднопартиски систем, сега немаат милион евра за тестери и респиратори.

И, како такви, ние сме банкрот држава. Шефот на СДСМ и наредува на владата, владата преку минстерката за финансии вели ни фалат 600-700 милиони евра кои ќе ги покриеме со кредити. За два дена излегува Заев и тврди ни фалат 1,2 милијарди евра. Ден по него неговиот вицепремиер Анѓушев цени дека ни фали повеќе – 2 милијарди евра, па на крај владата го крена влогот на загубата на 3 милијарди евра. Лицитацијата на банкротот е во тек.

А годината само што почна. Ние имаме буџет од 4 милијарди евра во кој, уште на почетокот на годината, фалат 2 или 3 милијарди евра! Хаосот не е веќе пред врата, влегол преку телевизорот што ве држи под наркоза од пропагандата на СДСМ.

Ништо добро не можеме да очекуваме од нив. Пендаровски рече дека немаме капацитет, а Филипче дека ќе имаме многу нови заболени и починати, што е врв на експертско мислење и надеж за ситуацијава. Иако, гледам, градоначалникот на Вевчани бил трогнат па донирал пумпа за прскање лозје. Машала, ќе не биде.

Тоа, и тоталитаризмот, се цената за проектот Северна. Родена во грев живееше во корупција и загуби 3 милијарди евра уште пред вториот роденден. Северна е банкрот држава!

Дел од најновата колумна на Драган Павловиќ Латас. Целата прочитајте ја на следниот линк

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This