Левица: Итно распуштање на СЈО и на Владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опортунист кој ја злоупотребува позицијата за лично богатење не е ретка појава помеѓу редовите на СДСМ, за да се смета за исклучок. Напротив, станува збор за општо правило и дефиниција на поставата на сите досегашни владејачки гарнитури во Републиката, а СДСМ, како дел од актуелната власт, само постапува онака како што веќе и се смета дека е нормално да се постапува – краде, лаже и се заканува, реагира партијата

Левица: Итно распуштање на СЈО и на Владата!
Патот до Европска Македонија не само што нè води во ендек, туку е и поплочен со криминални скандали и суми за кои работниот народ во оваа држава може само да сонува. Рашковски и Леонардо, Јанева и Тредичи се наводно само почетокот на низата бомби кои ќе ја тресат јавноста овој период, пишува Левица во соопштение испратено до јавноста.

Да не се лажеме дека Боки 13 работи сам. За случајот „Рекет“, потребен е силен грб! И тоа не е, и не ни има сила да биде ниту Катица Јанева, ниту СЈО. Јасно е дека моќни функционери од Владата во најмала рака знаеле за овој случај, ако не биле и активно вмешани во истиот, а доколку се земе предвид и докажаната сервилност на социјалдемократите и наудреноста на Европската унија во нејзината млитава апологија на СЈО, воопшто не би било зачудувачки доколу во игра се вмешани и неколку западни амбасади.

Да не се лажеме и дека случајот со речиси д-р д-р. Рашковски не и бил познат на Владата. Побогу, Рашковски е дел од Владата! А опортунист кој ја злоупотребува позицијата за лично богатење не е ретка појава помеѓу редовите на СДСМ, за да се смета за исклучок. Напротив, станува збор за општо правило и дефиниција на поставата на сите досегашни владејачки гарнитури во Републиката, а СДСМ, како дел од актуелната власт, само постапува онака како што веќе и се смета дека е нормално да се постапува – краде, лаже и се заканува!

За крај, да не се лажеме дека и функцијата на СЈО беше или е да го расчисти криминалот на претходната власт. Напротив, СЈО ја одигра својата улога по нарачка од Западот и изврши притисок за да се прифати Преспанскиот договор и спротивно на народната волја изразена на пропаднатиот референдум во септември, да го промени erga omnes името на Република Македонија. Една ваква институција не смее да продолжи да постои, а ако нивната малициозност во минатото некому не му е доволна причина за нејзино распуштање, ако заканата дека СЈО се користи за уредување на власта во Републиката на начин на кој му одговара на САД и нивните пријатели не го загрижува премногу, тогаш барем случајот „Рекет“ дефинитивно укажува дека митот околу СЈО е една огромна фарса!

Левица бара итно распуштање на Владата на социјалдемократите и вечниот коалиционер ДУИ мора под итно да се распушти.

Нивната инволвираност во многубројните скандали и криминали се само цреша на шлагот – неисполнети предизборни ветувања, непочитување на референдумски изразената воља на народот во неколку наврати, промена на името на Републиката, поставување на кариеристи и поранешни членови на УЧК на јавни функции, комплетна сервилност кон Западот. Вакви луѓе и вакви партии не можат да ја водат државата напред во име на просперитетот на работниот народ, туку единствено можат да профитираат злоупотребувајќи ја својата моќ. Нивниот интерес е апсолутно комплементарен со нашиот и помеѓу нас нема место за компромис, пишува во соопштението на Левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This