Ленин Јовановски: Приватните превозници ја поддржаа програмата за сообраќај на Данела Арсовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ на својот Фејсбук профил објави известување до сите медиуми и јавноста.

Во продолжение го пренесуваме неговото известување:

„Почитувани, како засегната страна, која практикува во дејноста Јавен линиски превоз на патници во Град Скопје и како приватни превозници, ви се обраќаме да ги негираме шпекулациите објавени политичка партија кои произлегуваат од незнање, но и најверојатно заради отсуство на комуникацијата со нас во изминативе години и покрај многубројните проблеми со кои се соочувавме особено за време на пандемијата со Ковид 19 и заради големите финансиски проблеми кои произлегуваа од ненавремени исплати и големи долгови од Град Скопје преку ЈСП кон нас превозниците.

Зачудени сме од загриженоста на некои фактори кои години наназад придонесуваат кон наше уништување , а сега се наводно загрижени за нас со тврдењето дека доколку се воведе бесплатен јавен превоз ни ќе сме пропаднеле. Ваквите тврдења не се точни и покажуваат основно непознавање на тоа како приватните превозници функционираат во Градот Скопје, таквите очигледно исто така не знаат дека такси превозот никогаш не бил и не може да биде конкуренција на линискиот автобуски превоз на патници.

Воедно сакаме да ве информираме дека ние ја поддржуваме идејата за бесплатен јавен превоз, како што ќе поддржиме и ќе помогнеме во реализација на се и секоја идеја која ќе биде во интерес на граѓаните и сообраќајот во Скопје, како секогаш така и сега. Ние како приватни превизници, а не има од сите етникуми , политички партии и партиски неопределени ја поддржавме програмата за сообраќај на кандидатот за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска заради тоа што единствено таа во нејзината програмата не спомнува нас како приватни превозници и со конкретна поддршка за нас како такви.

Ние приватните превозници без разлика на нашата политичка, етничка и верска припадност секогаш сме здружени и единствени во поддршката на се она што значи овозможување поквалитетни услови во нашето работење и отворени врати за соработка и можност да бидеме сослушани за проблемите со кои се соочуваме, без разлика од кого и каде тоа ни се овозможува. А тоа е она што за жал воопшто го немавме во изминатиот период, еденствениот феномен, нула средби со актуелниот градоначалник и директорот на ЈСП .

За сите прашања од страна на медиумите стоиме на располагање доколку им потреба и пошироко да ги елаборираме фактите за состојбите во јавниот превоз во Скопје и сообраќајот воопшто“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This