Лесно се трошат туѓи пари: Градоначалникот Мерко потрошил 27.500 евра по ресторани во 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамиз Мерко од општинскиот буџет на Струга потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани.

Во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“, пренесе Алсат.

За овие трошења реагираа од опозицијата.

„Минатата година во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација“, рече Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.

„Каде и кога јадевте ручеци и вечери кога знаеме дека од 11 март сме во изолација? Долго време рестораните беа затворени, кога повеќе од 4 лица сè уште не можат да се соберат и да јадат во ресторан? Каде потрошивте 27.500 евра за репрезентација?“, вели Рајмонда Мамуди, советник Алијанса на Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This