Лефков: Од првиот ден на пописот гледаме еден целосен дебakл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот во македонското Собрание од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков вели дека уште од првиот ден на пописот на терен се гледа целосен дебакл, нешто, како што вели дека тие, како партија цело време предупредуваат.

Тој во емисијата „Програма 200“ на Алсат телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ уште на првиот предлог закон за попис поднеле амандмани со цел подобрување на законското решение, но власта истиот го повлече за повторно да го врати по скратена постапка, со што беше ускратена можноста за дебата, при што не беше прифатен ниту еден амандман од опозицијата.

„Ние уште во Собрание кога дојде првиот предлог се обидовме да интервенираме со амандмани. Првиот пакет амандмани беа поднесени 26 од ВМРО-ДПМНЕ и 11 од Алијанса. Законот беше повлечен и потоа беше ставен со европско знаменце, по што се намали можноста да дискутираме. Ниту еден од амандманите кои што ги предложи опозицијата, иако беа суштински и има за цел да го подобрат законскиот тек, за жал не беше прифатен. И еве сега од вчера, со почетокот на пописот гледаме еден целосен дебакл кој што се случува на терен“, рече Лефков.

Тој појасни дека луѓето не се запознаени со алатката која што треба да ја користат, нема соодветна информираност, нема соодветна обука како истата да се користи.

„Денеска дополнително, во текот на денот, видовме дека одредени граѓани обелоденија дека нашле начин како да ја заобиколат, да речеме, заштитата и како да направат еден своевиден експлојд на програмата за која што е задолжен Заводот за статистика. Така да, она на што предупредувавме, за жал, еве уште од првиот ден на пописот, денеска вториот од тој неофицијален дел, гледаме дека се соочуваат со проблеми“, истакна Лефков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This