April 30, 2024, 10:27 pm

ЛИЦЕМЕРЕН УНИШТУВАЧ НА ПРАВОСЛАВИЕТО: Амфилохије ги доби моштите од Св.Јован Владимир, и заборави на МПЦ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кратко траеjа “милозвучните” зборови на српскиот митрополит Амфилохије кон Македонската православна црква и македонските архиереи.
pol-amfilohije
Откако доби уверување дека МПЦ ќе подари честици од моштите на Свети Јован Владимир и дека лично митрополитот Тимотеј, утре, ќе ги однесе во Бар за осветувањето на српската црква, Амфилохије се врати на својата стара реторика, па во говорот на осветувањето на крстилницата од црквата, воопшти и не ја спомнал МПЦ, кога ги набројувал делегациите кои ќе присуствуваат на осветувањето на храмот. Истовремено пак го величал Вранишковски, со кого заедно ја осветиле крстилницата.

-Посебен благослов имаме што овде со нас е архиепископот Охридски и митрополит Скопски Јован, кој беше и претседател на овој научен собор. А, треба да се има предвид дека за време на Свети Јован Владимир овој простор канонски и припаѓал на Охридската архиепископија, а, еве, денес наследникот на великите охридски архиепископи принесе бескрвна жртва на Бога и ја освети крстилницата, изјавил Амфилохије.

Набројувајќи ги црковните делегации кои ќе присуствуваат на осветувањето на црквата, Амфилихије потенцирал дека најава за присуство испратиле ерусалимскиот патријарх Теофил, албанскиот архиепископ Анастасиј, како и претставници на сите помесни православни цркви.
За Амфилохије сега Вранишковски е “големиот охридски архиепископ, наследник на охридските архиепископи#, а пред само еден месец кога молеше за честици од моштите на Свети Јован Владимир, Амфилохије го ословуваше архиепископот г.г. Стефан, како “блажењеши архиепископ Охридски и Македонски”.

Српскиот владика, многу добро знае дека не можат да постојат двајца архиепископи со иста титула на исто подрачје. И од тој аспект, овие негови двојни ставови не можат да се квалифицираат никако поинаку, освен како крајно лицемерие.

Иако потајно се очекуваше ваков расплет на настаните, сепак кај македонските архиереи постоеше некаква надеж дека МПЦ, ако не друго барем ќе биде достоинствено испочитувана за моштите што ќе и ги подари на СПЦ за нејзиниот јубилеј и значаен настан. Но, сосема јасно е дека, наместо тоа Амфилохије решил од Вранишковски да прави ѕвезда на осветувањето на црквата во Бар.
Нека им е со среќа. МПЦ и овој пат покажа дека е Црква со искрен пристап и смисла за единството на Црквата и покрај омаловажувањата и понижувањата што Амфилохије и Вранишковски и ги готват.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This