Лошото управување на Заев и Филипче со здравствениот систем го платија граѓаните на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Венко Филипче го урнисаа македонското здравство. И поради тоа имавме втор пик на коронавирус во јуни. Лошото управување со здравствениот систем го платија граѓаните на Македонија, сметаат од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, катастрофата која што ни се случуваше е заради Зоран Заев и Венко Филипче кои наместо да остават експертите да си ја работат својата работа се замешаа со политика во здравството.

Заев и Филипче предизвикаа директна штета на целиот систем. Поради лошите политики на Заев и Филипче, Македонија е уште затворена држава во услови кога сите во регионот и Европа ги отворија границите. Македонија служи само како транзит на странски државјани кои ќе одат на одмор за Грција или некоја друга држава од соседството, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ Заев и Филипче се покажаа целосно неспособни и не знаеја да се справат со вирусот.

Зоран Заев и Филипче нема да можат да се справат со дополнителен трет пик наесен. Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава! Македонија ќе победи!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This