ЛУДИОТ МАЧКАР ГИ ОТКРИ ПОЗИЦИИТЕ НА СДСМ: Признавање на геноцид, менување на симболи и Устав за двојазичност на цела територија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Питер Ванхауте кој стана познат низ медиумите во Македонија и на социјалните мрежи, како лудиот мачкар, не престанува со неговите антимакедонски ставови и делувања. Ванхауте додека беше медијатор помеѓу партиите важеше за предгласник на позициите и ставовите на СДСМ, тој вчера преку својата колумна под наслов „And what about the Albanian platform?“, ги откри позициите на СДСМ околу ова прашање, кои значат: Признавање на геноцид, менување на националните симболи и Устав со цел двојазичност на цела територија на Македонија.

kongo
„Беше многу интересен развој на настаните, кога албанските партии, ја пласираа платформата. Човек не треба да остане без зборови, бидејќи, да, албанските партии имаат право.“ Пишува Ванхауте во почетокот на својата колумна. Во текот на колумната тој пишува: „Прашањето за националниот идентитет е погрешно водено“, па потоа дополнително прашува : „Дали е премногу кога се прашува за употреба на албанскиот јазик, на целата територија на Македонија – за заедница која претставува 1/5 од населението во државата“ – Пишува Ванхауте во врска со употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата, ставови кој се сосема идентични, со ставовите на Зоран Заев во текот на предизборната кампања, каде тој заговараше употреба на албанскиот јазик на целата територија државата и кантонизација на истата.
Албанците во Македонија ги уживаат сите права кои еден граѓанин треба да ги има, токму заради ова несватливи се ваквите барања и се насочени кон разградување на државата.
Во делот од колумната за промена на знамето, грбот и химната, за него нема никаков проблем доколку би се смениле државните симболи на Македонија: „ Една широка парламентарна дебата, при што сите етнички заедници би ги прифатиле и подржале овие симболи, при што прифаќањето на овие симболи не е никаков срам.“ Но дали би било проблем за него доколку би се смениле националните симболи на Белгија, со цел тие да бидат прифатливи за ново доселениците од останатите европски земји, Азија и Африка е прашање на кое тој треба да ни одговори.
За евентуалниот геноцид кој според платформата на албанските партии бил извршен врз албанската заедница во периодот 1912- 1956 тој исто така наоѓа „големо разбирање“: „ Јас зборував со многу луѓе, од сите етнички заедници во државата, кои ми кажаа застрашувачки приказни за настани кои се случиле на нивните претци и роднини низ овој период.“ за понатака да рече „Има потреба од формирање на специјална комисија за истражување на вистината за настаните од овој период.“
Па оттука го прашуваме дали Ванхауте како што ја повикува Македонија, која во тој период небила независна и не делувала од позиција на власт, а доколку некој бил репресиран и убиван тоа биле македонците за идеите на ВМРО и независна Македонија, а не некој дург. Па мачкарот не повикува да формираме комисија за истражување за наводниот геноцид врз албанците. А ние го прапуваме ќе побара ли од Белгија да формира посебна комисија за утврдување на бројот на жртви на геноцидот кој нивната кралска војска под наредба на нивниот крал Леополд во 19 и 20 век го изврши во Конго и од истиот експлоатираше во денешна вредност 1.1 милијарда евра, пари кои ги вложи во споменици и фонтани во Брисел и низ другите градови во Белгија,наместо ранање на гладните усти на децата на Конго, кои умираа од глад, тој палатите во својата држава ги покриваше со злато.
Исто така го прашуваме Ванхауте дали неговата држава некогаш се извинила на Конго, за зоолошките градини полни со луѓе од африкански Конго? Затворени деца, жени и мажи во кафези? Или можеби за Конго како држава од третиот свет не важат декларациите за човекови права за кои Ванхауте толку многу зборува кога треба да се соли памет, далеку од неговата држава или можеби мисли дека остатокот од светот има кратка меморија и не ги памети овие настани.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This