Лeкyвa кoжни зaбoлyвaњa, пpoшиpeни вeни и го намалува pизикoт од paк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кантарионовото масло се добива од истоимениот жолт цвет. Оваа лековита билка цвета во текот на целото лето, но токму јули е месецот кога најлесно се бере бидејќи најмногу цвета токму во ова доба.

Кантарионот е познат во народната медицина како билка чија лековитост има широк спектар. Има антибактериско, антивирусно и антимикотично делување и е богат со хиперицин, танини и флавоноиди кои делуваат антивоспалително и помагаат во епителизација на кожата.

Ако имате кожни проблеми или сте изгореле на сонце, кантарионовото масло е одличен избор за нега на кожа – само имајте на ум дека маслото е фототоксично и не е погодно за сончање. Најдобро е да го користите во вечерните часови и истото можете да го нанесувате на сите видови рани.

Освен тоа, маслото од кантарион помага и при воспаление на јајниците, вагинални инфекции, габични и вирусни инфекции, вклучувајќи и ХПВ, херпес, хемороиди, проширени вени, чиреви, лузни, стрии и акни, како и реума и гихт и мускулни воспаленија.

Кантарионовото масло одлично ја подобрува циркулацијата и затоа сè почесто се користи во релакс и спортските масажи. Се користи и при менструални грчеви, а уште поефикасно е доколку истовремено го комбинирате и со чај од кантарион.

– Кантарионовото масло во служба на убавината

Кантарионовото масло е моќно средство за нега на кожата бидејќи докажано делува против појавата на стрии, брчки, акни и целулит. Тоа се користи и за лекување на рани, изгореници и чиреви.

Доколку сакате природно и трајно решение за упорните акни, користете масло од кантарион заедно со чај од оваа билка со која ќе го испирате лицето. Пред третманот, измијте и детално исчистете ја кожата, а потоа на вата капнете неколку капки од ова масло и добро впијте го на критичните места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This