МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ МАЖОТ НА ГОДИНАТА: Титулата ја дови актерот Никола Ристановски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот актер Никола Ристановски е избран за М Маж на годината 2019 на настанот во организација на Машки Магазин. Според петнаесет-членото жири, тој ги исполнил сите услови и ќе ја носи титулата во текот на 2019 година.

Изборот за М Маж на годината 2019 се случуваше за време на викендот во МНТ во Скопје. Покрај Ристановски, беа прогласени победници уште во четири категории, бизнис, култура, спорт и урбан маж на годината.

Игор Божиновски, сопственикот на „Божиновски – часовници и накит“ е избран за М Маж на Годината 2019 во категоријата Бизнис. Кошаркарот Владо Илиевски е конечниот избор на жирито во категоријата Спорт. Музичарот Џијан Емин ја освои првата титула во категоријата за маж кој остави белег во културата во изминатата година. Архитектот Мартин Пановски стана носител на титулата – Урбан маж на Годината.

На настанот присуствуваа голем број на јавни личности, почитувајќи го дрес кодот, црно – бела елеганција.

Ристановски, поради снимање на филм во Белград, на присутните им се заблагодари со видео порака.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This