МАКЕДОНИЈА ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА:На 8 – ми септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На референдумот во 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија “.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

На 8 – ми септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и сувереноста на Република Македонија им се оддолживме на нашите храбри предци и се обврзавме кон нашите потомци. Слободата и независноста не ни беа подарени. Од првиот ден на независноста како држава се соочувавме со двојните стандарди, со предизвикот да се движиме по необележан пат, каде за нас не важеле правилата на меѓународните односи и меѓународното право.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот и до ден денешен наместо да се реши се продлабочува.

Во изминатите 27 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. И политичката криза последните години предизвика застој во процесот на евроинтеграциите.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО, на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја – кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и во наредните години. Грција, по примерот со НАТО, тогаш ја блокираше македонската евроинтеграција, но со потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името, на Самитот на ЕУ во јуни Македонија доби условена препорака за отпочнување преговори.

Денес Македонија е исправена врз уште една важна историска одлука. Македонскиот народ треба сам да се откаже од својата татковина од своето име  од својот идентиттет. Со закажаниот референдум на 30 Септември македонскиот народ се изнудува да стави крај на оваа држава…

Нека ни е  честит и вековит Денот на независноста .Македонија вечна.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This