МАКЕДОНИЈА ДЕЛ ОД БАЛКАНСКАТА ЧЕТВОРКА: Бивш агент на ЦИА го потврдува планот за формирање на Балкански Сојуз!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марк Џонсон, бивш агент на ЦИА на 24. јануари објави авторски текст под наслов „Зошто Балканот може да биде првиот надворешно-политички тест на администрацијата на Трамп“. Текстот е напишан за вашингтонски „The Hill“ кој го покрива работењето на Конгресот и Сенатот

putin_sojuz_informer

Текстот изобилува со анти-руски ставови карактеристични за администрацијата на Клинтон. Сепак, Џонсон во текстот се занимава со прашањето за приемот на Црна Гора во НАТО пактот. Џонсон кој е нескриен приврзаник на политиката на интервенционизам, вели дека изборот на Трамп за претседател на САД доведе до дебата за иднината на НАТО пактот, а со тоа „без поддршка на новата администрација, барањата на Црна Гора се осудени на пропаст“.

Понатаму, пишува Џонсон, кога „ќе се земе во предвид силното и континуирано противење на Москва за приемот на Црна Гора во НАТО пактот, гласот против во сенатот се победа за Русија“.

Џонсон додава и дека се возможни три ситуации: 1. Администрацијата на Трамп да не го поддржи влезот на Црна Гора во НАТО; 2. Сенатот да гласа против влезот на Црна Гора во НАТО пактот; 3. Сенатот воопшто да не гласа за влезот на Црна Гора во НАТО. Во секој од тие случаи Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО би бил одбиен.

Нема разумна причина администрацијата на Трамп да одбие џентлменски предлог од Москва, кој со сигурност веќе е на маса во Вашингтон, во кој Република Србија, Република Српска/БиХ, Црна Гора и Република Македонија како група Б4 (Балканска четворка) да бидат единствена неутрална зона во Европа.

Таа позиција ја држеше Југославија, која беше уважувана и силна, додека не беше разградена од насилни удари одвнатре и однадвор – пишува Александар Ранковиќ

informer

Претходниот месец, спрскиот весник „Информер“ објави статија во која го цитираше планот на Сергеј Железњак, секретар во партијата на Путин и негов близок соработник во кој беше најавен овој план. Имено, „Рускиот претседател Владимир Путин силно се залага за формирање на т.н. „Балканска четворка“ пренесува српскиот весник Информер, односно формирање на сојуз на воено-неутрални држави на Балканот, во кој би биле Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија“ – пишуваше Информер.

За тоа повеќе ТУКА!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This