Животните трошоци се повеќе растат а просечната плата опаѓа. Трошоците за живот се зголемени за 1,7% во септември во однос на лани истиот месец.
Најновите податоци од Државен завод за статистика покажуваат дека најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, за 6.7%, транспортот за 6.3% и комуникациите од 9.5%. Од друга страна има пад и на просечната плата за 0,6 %.
Додека соседите бележат пораст, Македонија е единствената земја во регионот која е во рецесија.Во првиот квартал годинава имаше стагнација или раст од 0% а во вториот квартал пад од 1,8 %.
Веќе последните 2 квартала има негативни стапки за раст .
Според економската теорија, една држава се смета дека влегла во рецесија, кога нејзината економија два квартала последователно бележи негативна стапка на раст.
Економската политичка ситуација е загрижувачка, сето ова е резилтат на лошите економски политики кои ги води владата
Според tradingeconomics.com, реномираната интернет страница чии податоци се базираат на официјални извори од статистичките заводи на 196 земји, и која вклучува повеќе од 20 милиони економски индикатори, Македонија е единствената земја во регионот, и воопшто во Европа, која бележи пад на БДП во второто тримесечје од годинава.