МАКЕДОНИЈА Е ЦЕЛ ВЕК ЗАД ЕВРОПА: Ни требаат осум децении да ја стигнеме Германија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Западен Балкан во последните неколку години бележи напредок и позитивен економски раст, сепак, со моменталната стапка на раст, ќе му требаат пет децении да го достигне животниот стандард на Германија и дури осум децении да ја стигне Германија во сите останати сфери, изјави генералната секретарка за регионална соработка, Мелинда Брег.

На состанокот кој во средата во Брисел го организираше Регионалниот центар за соработка заедно со Фондацијата Фридрих Еберт, главна тема беше одржувањето на економскиот раст и развој во Западен Балкан, соопшти РЦС.

На состанокот присуствуваа многубројни претставници на европски институции, претставници на дипломатски мисии, на аналитички центри, на невладини и работни организации.

И понатаму во регионот загриженост предизвикуваат сиромаштијата, нееднаквоста, одливот на вискообразована работна сила, родна нееднаквост, вклучување на младите и вработување.

„Лидерите на Западен Балкан треба поинтензивно да работат на меѓусебна соработка. Треба да бидат активни учесници во планирањето на заедничка иднина кон Европа,“, рече Берг, а пренесува Танјуг.

На состанокот во Брисел беше претставено истражувањето на ФЕС за „Одржлив економски раст и развој на Западен Балкан“, а директорот на Канцеларијата за фондација ФЕС во Србија Мак Бендле зборуваше за нејзините резултати.

Истражувањето покажа дека има раст во југоисточна Европа, но тој сам по себе не претставува решение за економските и општествени предизвици, затоа се препорачува насочување на правилен и одржлив раст во вистинската насока.

Посебно внимание на состанокот беше посветено на можностите за надминување на разликите во развојот меѓу земјите во југоисточна Европа од една страна и земјите од средна и источна Европа и нивниот просечна стапка на раст од друга страна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This