Македонија мора да ги исполни обврските од Договорот за соседство и соработка, вели кандидатот за бугарски претседател, Герџиков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на претстојните избори во Бугарија, професорот Атанас Греџиков во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ ги коментираше односите меѓу Бугарија и Македонија.

Герџиков порача оти сакаат интеграција на сите земји на Западен Балкан, вклучително и Република Македонија во Европската Унија, но според него, Македонија мора да ги исполни обврските од Договорот за соседство и соработка.

Додека овие обврски не бидат прифатени, Бугарија не треба да подлегне на каков било притисок – изјави Герџиков.

Според него, во последните 24 часа за првпат имало позитивни сигнали и тој изрази надеж дека тие нема да бидат уште едно ветување без исполнување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This