МАКЕДОНКА ОСОМНИЧЕНА ЗА УБИСТВО: Ја убила мајка си во семејната куќа во Австралија (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -

Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд

- Advertisement -

Дваесетгодишната Симона Зафировска од Бризбејн, Австралија со македонско потекло се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица зАфировска, јавуваат австралиските медиуми.

Полицијата го нашла телото на Радица на вториот кат од семејната куќа, а јавуваат дека раните по нејзиното тело биле застрашувачки и веројатно се направени со тапи предмети.

Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд.

Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немало проблеми со нив. Радица била вработена како хигиеничарка, а Симона сè уште била на студии.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This