Премиерот Зоран Заев вчера беше дел од Конвенцијата на Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на Македонија, а потоа беше гостин во „Печат на неделата” на 1Тв.
Во однос на посетата на грчкиот премиер, Заев истакна дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас.
– „Доцнеше авионот на Ципрас. Прво скративме официјалности. Скративме и двајца министри од наша и нивна страна, со цел квалитативност на самиот настан. Имаше многу важни работи на средбата и меѓувладината седница“, изјави Заев.