МАКЕДОНСКА ГЕРИЛА ВО ФРАНКФУРТ: Македонците во Франкфурт закачија знамиња и летоци пред грчкиот конзулат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај со контрапротест на грчкиот протест во саботата во Франкфурт, македонските иселеници во Германија одговорија и на антимакедонскиот митинг во неделата во Атина со герилска акција пред Генерален конзулат на Грција во градот на Мајна.

Тие закачија банер со натпис „Македонија на Македонците“ на англиски јазик пред влезот во грчкото дипломатско претставништво.

Покрај тоа, герилците ги „накитија“ и околните светилки и столпчиња со пропаганден материјал со повици до сонародниците „Македонци, потребни сме ѝ на нашата татковина“ и „Нашето име е Македонија. Промена на името е промена на идентитетот. Бојкотирам“.

Во саботата напладне околу 200 Македонци од Германија со македонски национални обележја, со транспаренти и со музички инструменти на плоштадот „Гете“ го пресретнаа собирот на грчките иселеници во Франкфурт неколку часа подоцна.

 

Според германски податоци во 2011 година во оваа земја живееле 67.147 Македонци, но, според „Дојче веле“, само во 2015 година се доселиле 12.000, па проценките се дека нивниот број досега веројатно достигнал 100.000. Во покраините Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија живее половината од вкупниот број Македонци во Германија.

 

 

Извор
Експрес.мк

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This