МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ПАРКЕТОТ НА „ОЛ-СТАР“ ВО НБА: Охриѓанецот Џеди Осман ќе настапи со специјално дизајнирани патики со Македонското знаме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НБА кошаркарот, по потекло од Македонија Џеди Осман на претстојниот „Ол-Стар“ натпревар ќе настапи со специјално дизајнирани патики на кои е истакнато Македонското знаме

Кошаркарот со македонско потекло Џеди Осман, кој во моментов го носи дресот на Кливленд, на пресојниот „Ол-Стар“ ќе настапи со специјално дизајнирани патики, на кои го има знамето на нашата земја. Осман никако не ја заборава земјата во која е роден, иако настапува за Турција.

Македонското знаме ќе се појави на вечерашниот натпревар на „Ѕвездите во подем“ кој е во склоп на олстар-викендот во Шарлот, но не закачено на некој јарбол во салата, туку на една од патиките кои ќе ги носи охриѓанецот Чеди Осман.

Овој дуел е закажан за рано утринава во македонско време, а веќе се објавени спортските обувки кои ќе ги носи кошаркарот на Кливленд, а на кои е исцртано македонското и турското знаме. Со ова, Осман сака да ги одбележи државите кои ги носи во срцето, со оглед што е роден во Охрид каде што редовно доаѓа секое лето во посета на роднините, но настапува за репрезентацијата на Турција со оглед на турското потекло на неговиот татко.

Во негова чест неодамна беше издадена и маичка на која пишува „Човекот од Македонија“, која извесен период се продаваше во официјалниот фан-шоп на „коњаниците“, но набрзо, на реакција на турските навивачи, беше повлечена од него.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This