МАКЕДОНЦИТЕ ОД САД ПРОЧИТАА ПРОГЛАС ВО ЊУЈОРК: На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На собирот пред кулата на Доналд Трамп во Њујорк, Македонците од САД прочитаа проглас во кој се изразува поддршка на идниот претседател, и од него се бара да ја смени досегашната политика на претседателот Барак Обама, кој ги финансираше и политички поддржуваше активностите на Џорџ Сорос во Македонија

makedonci-1-640x853

-Драг претседателе Трамп, ние, Американците со македонско потекло, ви честитаме на изборот. На нашата матична земја Македонија и е потребна вашата помош. Ве повикуваме да ги заштитите Македонија и македонската демократија од Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Преку американската амбасада во Скопје, пари од американските даночни обврзници се даваат за отворено поддржување на радикалните и честопати насилни активисти на Сорос. Администрацијата во заминување, преку
амбасадата на САД, направи фондацијата на Сорос да биде главен извршител на проектите на УСАИД и на американската Влада во
Македонија. Фондацијата на Сорос е озлогласена по обидите да ги спроведе радикалните политички ставови на овој милијардер. Резултатот на оваа активност беше насилство против македонската полиција и насилни протести во многу македонски градови. Ние сме тука во поддршка на независноста на Македонија, членството во НАТО и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за силното пријателство со Соединетите Американски Држави. Ви благодариме претседателе Трамп. Нека Господ ги благослови Македонија и Соединетите Американски Држави, пишува во прогласот.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This