МАКРОН ПРЕДУПРЕДУВА: Европа е пред нова Светска Војна, ситуација е слична на онаа на 1930-тите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сегашната ситуација во Европа е слична на онаа на 1930-тите, нагласувајќи дека на ова мора да се стави крај.

“Јас сум вчудоневиден од сличност помеѓу времето во кое живееме и периодот меѓу двете војни”, рече францускиот претседател во интервју за францускиот весник “Вест Франс”, на маргините на посетата на изложбата посветена на Жорж Клеменс, францускиот претседател во почетокот на 20 век, пренесува хрватскиот портал “Индекс”.

“Гледаме дека во Европа, која поради страв е поделена, затворање во национализмот и економска криза, речиси секогаш се случува повторно сето она што го обележа животот на Европа од крајот на Првата светска војна и кризата од 1929 година”, рече Макрон.

“Ние треба да го имаме тоа во предвид да сме разумни и да знаеме како да се спротивставиме на тоа, демократските и републиканските со решителност”, рече претседателот на Франција.

Тој за време на прославата на стогодишнината од Првата светска војна, ги посети локациите каде се одвивале големи борби во северниот и источниот дел на Франција.

Голема прослава на годишнината од победата на сојузниците во Втората светска војна, ќе се одржи на 11 ноември во Париз, на церемонијата ќе присуствуваат околу 100 светски лидери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This