Макрон: Франција ќе и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и територијален интегритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски ја потврдил решеноста на Париз да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и територијален интегритет.
Макрон рече дека се согласил со Зеленски за потребата од продолжување на преговорите во нормандискиот формат за источна Украина, со посредство на Франција и Германија.
Францускиот претседател додаде дека во наредните денови ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а на 15 декември во Брисел ќе има нова средба со Зеленски.
Зеленски, исто така, рече дека разговарал со претседателот Макрон за начините за деблокирање на мировните преговори за конфликтот во источна Украина.

„Заедно ги договоривме следните чекори. Разговаравме за заканите за енергетската безбедност на Украина, за диверзификацијата на енергетските ресурси“, напиша Зеленски на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This