„МАЛ ШЕНГЕН“ ВО ОХРИД: Патување со лична карта, заедничка дозвола за работа во трите држави, пазар од 12 милиони жители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само еден месец по покренувањето на иницијативата за воспоставување регион без бариери за слободно движење на стоки, луѓе, услуги и капитал меѓу Македонија, Србија и Албанија, договорени се првите конкретни чекори во таа насока.

Зоран Заев, заедно со неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, утрово во 09:00 часот ќе го започнат официјалниот – работен дел на средбата, а заклучоците се очекува да ги изнесат на заедничка прес конференција, која ќе се одржи околу 12:00 часот.

Клучното прашање за секој инвеститор е политичката и економската стабилност и нема подобра порака за стабилноста на регионот од заедничкото појавување на земјите во регионот и создавање единствен пазар. Слободата на движење, како што е речено, ќе има повеќе ефекти и ќе ја зголеми конкурентноста на целиот регион, кој има потенцијал од 12 милиони жители. Беше договорено да се воведе систем што ќе овозможи патување меѓу државите само со лична карта, заедничка дозвола за работа што ќе им овозможи на луѓето да работат во трите држави без дополнителни постапки. Оваа мерка директно ќе ја зголеми достапноста на работната сила, што ќе ја зголеми привлечноста на целиот регион за привлекување нови инвестиции. Компаниите кои доаѓаат во една од земјите нема да мора да се грижат за работната сила бидејќи ќе можат да ја внесат потребната квалификувана работна сила од сите три земји без дополнителни процедури. Слободното и брзо движење на стоките ќе се охрабри преку воведување 24-часовно работно време за сите инспекциски служби од фотосанитарната и ветеринарна инспекција. Планирано е исто така да се консолидира и формира заедничка пакет документација потребна за транзит на стоки во рамките на земјите-членки на иницијативата, со акцент на воведување на систем со што е можно помала хартија, што би било во согласност со стратегијата за дигитален развој на земјата. Исто така, предвидува взаемно препознавање на професионалните квалификации во рамките на земјите-членки на иницијативата и поттикнување на размена на студенти и започнување на заеднички проекти за истражување и развој, ги најавува Танјуг дел од заклучоците од средбата, која започна со синоќешната трилатерална средба на Заев, Рама и Вучиќ во Охрид.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This