„МАЛ ШЕНГЕН“ ШТО ЌЕ ПОТПИШАТ: Заев на средба со Вучиќ и Рама во Нови Сад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Петроварадинската тврдина во Нови Сад ќе се одржи трилатерална средба помеѓу премиерот Зоран Заев, претседателот Александар Вучиќ и шефот на албанската влада, Еди Рама.

Синоќа македонскиот премиер пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од градоначалникот Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера приредена од Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Според најавите од кабинетот на српскиот претседател, тема на состанокот што ќе се одржи во претпладневните часови е поврзување на пазарите на земјите од регионот и отстранувањето на различните бариери за водење бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

– Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан – објави Заев на својот Фејсбук-профил.
Тој додаде дека за оваа тема денеска ќе разговара со Вучиќ и Рама.

Според Заев, постои неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, зголемување на трговијата, протокот на стоки, услуги и капитал меѓу сите земји на Западен Балкан.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This