МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ УТРОВО ДОЖИВЕАЛА НЕПРИЈАТНА ГЛЕТКА: „Ќе ги проверам сите камери и кога ќе те најдам…“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката Марија Шерифовиќ утрово доживеа непријатна глетка на паркингот. Имено, Марија не го пракира своето возило во гаража, туку пред зградата каде живее.


Она што ја изнервира пејачкта е фактот дека некој го изгребал автомобилот и со тоа и направил штета. Во прв момент кога видела, Марија побеснела, направила фотографија од оштетената врата, а потоа со следбениците на социјалните мрежи ја сподели истата.

Шерифовиќ е позната како некој што нема „влакна на јазикот“ и порача дека со сите сили ќе се обиде да го најде сторителот.

-Кој вид задоволство доживува особа кога некому ќе го изгребе автомобилот? Баш ме интересира точениот и прецизен вид на задоволство? Ако е маж – дали му расте пени*от? Ако е жена, дали станува поубава? За што се работи? Не сфаќам! Се обидувам да разберам и не ми е јасно! Сè на сè, го**о едно мало смрдливо, ќе ги превртам сите камери на овој свет и кога ќе те најдам… – порача Марија.

Дека Шерифовиќ важи за некој кој нема влакна на јазикот и секогаш го кажува она што го мисли е и последната емисија каде таа гостуваше.

На прашањето на Огнен кога ќе стане мајка, таа одговори.

„Сакаш утре?“ одговори Марија во свој стил.

„Па утре не можеме да ораганизираме“ одговори водителот.

„Замисли мое и твое дете, Исусе“ истакна Шерифовиќ, па почна да се смее.

Шерифовиќ истакна дека ќе полуди доколку нејзинито дете има голем нос.


„Не сум свршена, не сум трудна, не планирам да се реализирам како мајка ни оваа ни следната година. Јас ќе полудам ако детето има голем нос, што ќе ми е. Повеќе сакам да имам син, еден мал Шерифовиќ. Имам и некое име во план, ама не морам се’ да ти кажам“ вели Шерифовиќ.

Таа до сега не зборувала многу за својот приватен ниту љубовен живот, па затоа многумина се изненадија од изјавата од пред некое време дека сѐ посериозно размислува да стане мајка.

– Сметам дека тоа е најголемата животна победа. Морам да признаам дека на самата помисла да се реализирам како родител особено се радувам – раскажува Шерифовиќ.

Иако во нашиот регион ова прашање сеуште е табу тема но српската пејачка не го исклучува и посвојувањето како опција, но на таков чекор, како што вели, сѐ уште не е подготвена.

– Тоа е највозвишеното нешто кое еден човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето кои се подготвени на тоа – искрена е Марија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This