МАФИЈАТА СИ ДОБИ СВОЈА ДРЖАВА: Откако СДС дојде на власт расне стапката на криминал, убиствата и грабежите на банки, се` останато што значи подобар стандард за граѓаните е во слободен пад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мафијата доби своја држава со доаѓањето на СДС на власт. Со секој поминат ден се потврдуваат лагите на Заев со кои пред избори беа манипулирани граѓаните. Со доаѓањето на власт на Заев и неговото криминално здружение растат само трошоците за граѓаните. Раснат даноците и акцизите, а се намалува просечната плата. Расне задолжувањето и инфлацијата, а тоне економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Работата на оваа влада единствено е во корист на фирмите на кланот Заеви и на вицепремиерот Анѓушев кои преку тендери за своите фирми и сомнителни трансакции го зголемија богатството за повеќе милиони евра. За само неколку месеци од доаѓањето на власт на СДС расне стапката на криминал, убиствата и грабежите на банки, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Се останато што значи подобар стандард за граѓаните е во слободен пад. Масовно се отпуштаат работници, фабриките се пред стечај, нема нови странски инвестиции, а веќе постоечките се пред заминување. Затоа СДС продолжува да сее магла и одбива да одговори кој ги раскрчми парите кои требаше да ги добијат докторите со ветеното покачување од 15%. Докторите се уште ја очекуваат платата од 100 000 денари, но засега милиони евра има само за фирмите блиски до Заев и расипниците околу него“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This