April 28, 2024, 10:03 am

МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА: Внук ми има аутизам поради вакцината ММР!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маја Оџаклиевска во медиумите отворено зборува за аутизмот на својот внук Лука, кој има речиси девет години.

„ Внук ми има неполнни девет години, а уште не зборува“, изјави легендарната пејачка во една ТВ емисија. Маја смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.

„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, изјави скопјанката која долги години живее во Белград.
Оџаклиевска, на „Златна Бубамара на популарноста“ лани во Скопје, ја прими наградата за трајни музички вредности и му ја посвети токму на внукот Лука.

„ Јас сум веќе баба и нема ништо повредно за мене од игрите со мојот внук“, рече на манифестацијата Маја. Таа порачува дека за аутизмот треба отворено да се зборува и додава дека тоа не е ментална болест. Лука е син на постарата ќерка на Маја, Теа. Освен Теа, Маја има уште една ќерка, Андреа која студира туризам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This