April 27, 2024, 11:12 pm

МАЈКИТЕ ВИНОВНИ ЗА СМРТТА НА НИВНИТЕ БЕБИЊА: Министерот за здравство наместо да превземе оговорност, ги обвини мајките!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство во Владата на СДСМ и Зоран Заев, Венко Филипче денеска излезе со скандалозна изјава во кој ги обвини мајките дека тие во најголема мера биле виновни за смртноста на новороденчињата.

-Кога станува збор пак, за смртноста на новороденчињата, сакам да потенцирам дека таа во голема мера е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје додека е бремена. Имено, сите податоци укажуваат на фактот дека најголем процент од починатите бебиња се родени предвреме. Малата родилна тежина, но и екстремна незрелост на виталните органи – белите дробови, црниот дроб и нервниот систем, доведуваат до фатален исход, рече Филипче.

Тој нагласи дека предвременото породување, од друга страна, е последица на инфекции кај мајката во уринарниот тракт или на репродуктивните органи.

-Затоа апелирам до идните мајки да бидат поодговорни и редовно и без исклучок да одат на гинеколошки прегледи, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This