МВР СЕУШТЕ МОЛЧИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕТО НА МИТКО ЈАНЧЕВ: Под палката на СДС, партиската полиција молчи за вперувањето пиштол во главата на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС ја поништува правната држава. МВР под раководната палка на СДС втор ден молчи за полициската местенка и малтретирање од страна на партиската полиција на Заев и Спасовски врз Митко Јанчев, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, вели Марио Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој посочува дека СДС свесни за неминовниот изборен пораз кој ги очекува на наредните локални избори на 15-ти октомври прибегнуваат кон злоупотреба на институциите во полза на партијата.

-Со наближувањето на изборите стравот во СДС кулминира. Хистеријата во партијата на власт е се поголема, свесни за големата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните ја користат полицијата со цел сеење на страв и паника. Во петокот вечерта пред партиската конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата на влезот на Скопје без основа го запрела возилото на Митко Јанчев, кандидат за градоначалник за Кавадарци, врз истиот вперила пиштоли и неосновано го задржала подолго, истакнува Цветковски.

Целата местенка, вели тој, била приредувана пред очите на минувачите, кои гледале како поголем број на полициски службеници малтретираат еден човек кој не пружа отпор.

-ВМРО-ДПМНЕ повикува МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да утврди индивидуална одговорност, во спротивност ќе се потврди дека во ваквата местенка е заплеткан целиот врв на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува сите извршители на функции поставени од власта на СДС, мотивирани или охрабрени од врхушката на власт да прават незаконски дејствија и да ги кршат законите за удоволување на партиските барања, дека одговорност за секое криминално дејствие ќе има, наглсува Цветковски.

Тој вели дека никој во Република Македонија не е над законот. Законите важат подеднакво за сите. Со враќањето на демократијата и правната држава сите прекршители на законите ќе одговараат, и во тоа да не се сомнева никој.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This