April 28, 2024, 12:58 pm

МВР „собира колекција“ од автоматски и ловни пушки во битолско и радовишко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес  во  дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско, сооштија од МВР.

– При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети, информираа од МВР.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.

На 19.02.2021 во 07,45 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Д.А.(38) од с.Јаргулица, при што било пронајдена и одземена ловна пушка марка „ИЖ“ и 13 патрони калибар 16 мм.

Исто така, на 19.02.2021 во 08 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Т.С.(54) од с.Јаргулица при што биле пронајдени и одземени две ловни пушки марка “Црвена застава“, 51 патрон ловечка муниција калибар 12 мм. и сигнален пиштол марка “Екол“.

По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This