МВР: 5 возила со дури 70 километри на час повеќе од дозволеното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи во својот дневен билтен информира дека биле санкционирани 224 возачи и најавува засилени сообраќајни контроли.

„Во текот на вчерашниот ден (30.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.

Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ – Соопштуваат од МВР.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This