Менкиновски: Камчев е успешен бизнисмен кој вработува над 3000 лица, и власта не може да му го пpocти тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа гостуваше адвокатот Тони Менкиновски кој зборуваше за актуелните настани поврзани со прогонот против Јордан Камчев, кој пред неколку дена беше уапсен и експресно му беше определена мерка притвор.

„Правото на одбрана е курцијално право во една демократска држава, поготово кога, што сакаат да постигнат, да не заплашат? Да не го браниме господинот Камчев. Па со самото тоа ја контаминираат целата постапка со тоа што се појавуваат на телевизија и го стигматизираат господинот Камчев кој искрено верува дека не е виновен за сторените кривични дела кои му се ставаат на товар, бидејќи се работи за неовластен јавен обвинител кој го гони и се работи за една постапка со која сакаат да се влијае на господинот Камчев, кој е успешен.. Значи се можеа да му простат на господинот Камчев, само не можеа да му го простат успехот како македонски бизнисмен кој вработува 3000 луѓе во Македонија. Значи тоа се 12000 луѓе кои директно се зависни од целата ситуација, кои целокупниот свој капитал го има во Македонија, плаќа 15 милиони евра годишно данок на оваа држава. Значи тоа не можеа да му го простат, и влегува во процедури и постапки кои се својствени за Занзибар, Колумбија,и други држави кои се на листата на тоталитарни држави во светот“ потенцира Менкиновски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This