Мерката Србите да не плаќаат патарини значи покривање на срaмот на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не стигна навремено да обезбеди вакцини против ковид-19 за граѓаните, а еден мал број вакцини обезбеди од Србија која ги отвори границите за државјаните на Македонија да се вакцинираат, а сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградостa кон граѓаните на Србија сака да го покрие срамот и неспособностa за ненавременото обезбедување на вакцини за да се спасат животи, се вели во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албаците и Алтернатива.

„Од друга страна имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на само 2-3 километри од наплатните пунктови. Ја потсетуваме Владата на протестите на граѓаните од селото тетовско Седларце, кои со право протестираа барајќи ослободување од патарината, бидејќи нивното село се наоѓа на само 3 километри од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.

Слични случаи има и во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес…

Неприфатливо е ова, на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Македонија во одреден период, додека на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс споредено со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите на Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево кои секојдневно патуваат за Скопје плаќајќи ги сите патарини по нашите автопати и за нив не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградост на министерот Филипче и на оваа Влада кои ги ограбуваат нивните граѓани, додека се претставуваат џентлмени пред српските граѓани“, соопшти АА и Алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This