Меркел: Haпaдoт нa Coвeтcкиoт Cojyз пpeтcтaвyвa cpaм зa Германците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека денот кога нацистичка Германија го нападнала Советскиот Сојуз во 1941 година за Германците е причина да се срамат.

Пред годишнината од почетокот на инвазијата на нацистичка Германија на СССР, 22 јуни, Меркел изрази благодарност на народите на бившиот Советски Сојуз што пружија рака на помирување на нејзианта земја, пренесе Дојче веле.

„За нас Германците, овој ден е причина за срам. Го должиме тоа на милионите жртви и нивните наследници“, рекла Меркел.

Меркел во истата видео порака ја критикуваше репресијата над опозиционерите и граѓанскиот сектор во Русија и Белорусија.

Таа наведе дека репресијата е болна и додаде дека „активностите на припадниците на граѓанскиот сектор во Русија, но и во Белорусија, од неодамна се ограничени, па дури и оневозможени“.

„Кога се затвораат мирните демонстранти и припадници на опозицијата, тоа претставува големи тензии за нашите односи“, рекла Меркел.

Меркел додаде дека за Берлин ситуацијата е неприфатлива после руското припојување на Крим и поддршката на сепаратистите во источна Украина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This