Мерцедес ќе ги почести своите германски работници со бонус од 5.400 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По успешната 2016 година, вработените на Мерцедес ќе добијат поприличен бонус, соопшти компанијата Дајмлер.

Според заедничката одлука на менаџерскиот борд и генералниот работнички синдикат, околу 130.000 луѓе кои работат за автомобилската компанија во Германија ќе добијат по 5.400 евра со својата априлска плата.

mkd-306021

„Нашите работници се клучот на нашиот успех и сѐ што постигнавме во 2016. Посветена и професионална работна сила е клучниот фактор во нашиот долгорочен успех како компанија. Бонусот е нашиот начин на заблагодарување на нашите вработени за нивната посветеност и исклучителните перформанси. Заедно, постигнавме многу“, изјави Вилфрид Порт, член на менаџерскиот борд на Дајмлер.

Програмата за споделување на профитот со работниците постои уште од 1997 година.

Дајмлер минатата година продаде 2.998.386 возила во целиот свет, од кои 2.197.956 се од одделот Мерцедес-бенц автомобили, 415.108 од Дајмлер камиони, 359.096 од Мерцедес-бенц комбија и 26.226 од Дајмлер автобуси. Вкупната бројка претставува зголемување од 5 отсто во споредба со претходната година.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This