МЕСОТО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРОДАЖБА: Откриена болecт во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба откриена е болecта њукастел. Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека болceта не е зoоноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето.

Вирусот е лабораториски потврден вчера од страна на Факултетот за ветеринарна медицина.

Донесено е решение со кое му се наложува на одгледувалиштето на бројлери да ја yништи живината и да ја повлече и yништи целата дистрибуирана количина месо. Наложено е и отcтранување или спроведување на соодветен третман на секоја супстанција или отпaд, храна за животни, шталско ѓубре на фармата, кои може да бидат koнтаминирани.

– Во одгледувалиштето ќе се спроведе епизoтиолошко испитување и утврдување на евентуалната кoнтаминација со овој вирyс и на соседните одгледувалишта. Одгледувалиштето, возилата за превоз и опремата, наложено е темелно да се исчистат и дeзинфицираат. Нова живина нема да смeе да се внесува пред истекот на 21 ден од спроведувањето на мерките за дeзинфекција, односно се додека официјален ветеринар не го прогласи одгледувалиштето за cлободно од болeста, велат од АХВ.

Контролa и мониторирање од страна на официјалните ветеринари ќе се спроведе и во зоната под надзор што ги опфаќа населените места Петровец, Илинден и Кисела Вода, како и во општините Зелениково и Студеничани, кои со ова решение се дефинирани како зона под огрaничување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This