Мета pacпaли: Toa e cрамен, нeчeсен и одвpaтeн чин на aнтиaлбaнckото лоби во Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета застана на страната на Сали Бериша во размената на остри зборови со САД, изјавувајќи дека ставањето на поранешниот премиер на американската црна листа е „срамен и одвратен чин на антиалбанското лоби“.

Илир Мета, албанскиот претседател чии владејачки социјалисти се подготвуваат да го заменат, застана на страната на Сали Бериша по одлуката на Стејт департментот да му забрани влез во САД поради корупција, злоупотреба на средства и минирање на демократијата.

„Тоа е срамен, нечесен и одвратен чин“, напиша Мета, обвинувајќи го „антиалбанското лоби“ дека стои зад овој потег на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Сали Бериша, еден од најмоќните албански политичари во последните три децении, објави дека ќе го тужи државниот секретар Ентони Блинкен за клевета пред францускиот суд, бидејќи му беше забранет влез на територијата на Соединетите држави.

Стејт департментот изјави дека реториката на Бериша покажува дека таа сака да се заштити себеси, членовите на семејството и политичките сојузници на сметка на независните истраги и борбата против корупцијата.

Освен Сали Бериша, со овој чин им е забранет влез во САД на сопругата Лира Бериша, синот и ќерката, пренесува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This