МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ВО ИЗБОРНИОТ МОЛК: Последниот одговор на крајот од емисијата за Путин и Трамп – ексклузива!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите мислат дека Путин ќе остане претседател на Русија до крај, но неговите најблиски соработници сметаат дека по завршување на овој мандат, многу е веројатно дека тој ќе се повлече, вели новинарот Миленко Неделковски во емисијата „Радио Полиграф“ на Радио Слободна Македонија.

milenko

Тој посочи дека Путин има двајца наследници, кои доколку Путин по своја волја се откаже од претседателската функција би биле негова замена. Според Неделковски, Тоа би значело дека тие ќе ја продолжат сегашната политика како на внатрешен, така и на надворешен план.

Во врска со односите меѓу Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Неделковски вели оти Трамп не е политичар, туку продавач и забавувач и дека доколку Трамп сака да „продава“ ќе мора да одржува добри односи и добра соработка со Путин.

Во врска со настаните и ситуацијата во регионот, Неделковски потенцира дека Република Српска е доказ за, како што вели, вештачките глупости на западната дипломатија и доказ за нефункционалноста и неуспешноста на Дејтонскиот договор.

Како проблем меѓу РС и Босна и Херцеговина, тој ги посочува парите, бидејќи како што вели, Бања Лука не сака да го дели буџетот со Сараево.

За Европската Унија, новинарот подвлече дека фали уште една држава да ја напушти Унијата за да се распадне, додавајќи дека сите се плашат од Унгарија, но најверојатно тоа би била Италија. Неделковски вели дека Италија е држава која е создадена на вештачки начин и оти по Втората Светска Војна, Италија е доста нестабилна земја.

На следниот линк можете да ја погледнете целата емисија „Радио Полиграф“ со Дејан Андоновиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This