Милошоски: Дипломатски и вoeно бeзбедносен ckaндал е што генерали и министрите за внатрешни и правда немаат бeзбедносен НАТО сертификат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дипломатски и воено безбедносен скандал е што генерали и министри како министерот за внатрешни работи и правда немаат безбедносни сертификати од НАТО, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ додавајќи дека ова значи дека во владата има проблем кој значи безбедносна и политичка недоверба на НАТО структурите во Брисел кон високите политички претставници во Македонија.

– Гледам дека власта релативизира и кажува дека никогаш не добиле на писмено дека е одбиен. Но процедурата вели дека кога барате безбедносен сертификат, а сте одбиени, тоа не го добивате на писмено, едноставно молчењето недавањето е одговор сам по себе дека не сте доволно компетентен за да го заслужите тој безбедносен сертификат, потенцира Милошоски.

Тој истакна дека владата не направила безбедносно прочистување на армиските, безбедносните и политичките структури, сега НАТО спроведува процес на дискретен ветинг на тие лица кои се сметаат за некомпатибилни да имаат безбедносен сертификат и со Македонија нема да се споделуваат највисоките безбедносни и тајни информации на НАТО.

– Од НАТО кај земјите членки доаѓаат безбедносни информации, а за да ги добиете вие треба да сте сигурен примател и затоа треба да имате безбедносен сертификат. Ако 4 или 5 генерали, или нашиот воен претставник во НАТО немаат, тоа значи дека тие се неупотребливи за да разменат такви информации кои би биле корисни, предупредувачки или каков друг карактер за Македонија, рече Милошоски.

Според Милошоски покрај оваа работа Македонија не ја искористи ни економската придобивка од НАТО, иако Заев ветуваше дека Гугл ии Фејсбук ќе инвестираат во Македонија.

– Гледам дека од економски аспект придобивката од НАТО не е искористена, членството на Латвија, Словачка, Чешка, Литванија во НАТО значеше економски пораст на инвестициите во овие земји. Членството на Македонија во НАТО, оваа неуспешна влада не успеа да го валоризира ниту со една поголема странска инвестиција, нагласи Милошоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This