Милошоски е цел на пpoгон од Заев само затоа што отворено зборува за kpиминалите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за репрекусии и притисоци врз сите политички неистомисленици. Има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката Еростандард скандал тежок 200 милиони евра, беспоговорно се краде народот. Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се преставуваат за власт. Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето е единствено Зоран Заев и неговите луѓе, потенцираат од партијата.

Во соопштението додаваат дека никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This