На 21ви април (Цветници) ќе го искористам своето граѓанско право да гласам за првата жена кандидат за Претседател на МАКЕДОНИЈА!
Од ТВ-дуелите на кои можевме да ги споредиме тројцата кандидати, ценам дека Проф СИЛЈАНОВСКА Давкова се покажа како најкомпетентна, зрела и принципиелна личност. Таква личност има капацитет пред светот да ги претставува граѓаните како Шеф на државата, а внатре во Македонија да даде придонес за рамнотежата и демократската поделба на власта.
Слободната воља и одлука на секој од Вас, за претседателските избори, длабоко ја почитувам, без оглед дали се разликува или се совпаѓа со мојата.
Нека БИДЕ Vox Populi, Vox Dei!