Милошоски: Постои законска прeчка Фрчкоски да биде амбасадор во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постои законска пречка Фрчкоски да биде амбасадор во САД, затоа што тој е лустриран како човек кој што лично потпишувал наредби за следење, прислушкување и нарушување на човековите слободи и права, а во моментот кога бил лустриран, имал забрана да врши дејност да биде на функција на избран или именуван функционер, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, додавајќи дека тој предлог е на некој начин навредлив за темелните демократски вредности на САД.
Според Милошоски предлогот да господинот Фрчкоски да биде номиниран за амб
асадор во Вашингтон е контроверзен од две причини. Првата е дека Фрчкоски нема политички капацитет за да биде амбасадор во Вашингтон бидејќи самиот како политичка фигура поларизира, тој е дел од поларизацијата на македонското општество во изминативе 30 години во различни форми и не ја ужива широката поддршка во општеството за поголем на граѓани, стопанственици и актери, војници, па и политичари да го чувствуваат како свој претставник.
– Втората работа сметам дека е скандалозно држава како Македонија која им стратешки договор за соработка со САД да предлага амбасадор кој што бил лустриран во 2013 година, затоа што лично потпишувал наредби за следење, прислушкување и нарушување на човековите слободи и права, истакна Милошоски.
Милошоски потенцира дека Фрчкоски сам по себе е андипод на она што се САД каде човековите слободи и права и верските права се на ниво пиедестал на темелна вредност на демократијата.
– Додека за Фрчкоски како министер за внатрешни ние знаеме од она што беше јавно објавено дека потпишувал наредби за следење на Миле Неделковски – писател, Бедредин Ибраими – политичар, Димитар Бошков – професор по македонски јазик и лектор, Решат Неџипи од Ресен – професор на Педагошки факултет во Битола, Владиката Петар од МПЦ, Владимир Перев – новинар, Џеладин Мурати – претседател на ПДП и пратеник, Невзат Халили – дел од ПДП. Значи Фрчкоски потпишувал наредби за следење и за нарушување на човековите слободи и права на неистомисленици од македонска, албанска и друга националност, без разлика дали биле новинари, политичари или професори, само затоа што размислувале различно од него, вели Милошоски.
Тој нагласи дека власта треба да внимава на добрите односи со Вашингтон и да не дозволи ваков скандалозен предлог кој на некој начин ќе биде дискредитирање на вредностите, ако се испрати човек кој со свои наредби следел неистомисленици и ги нарaчувал правата и слободите, а за тоа се изјасниле и Управниот и Вишиот Управен суд

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This