Милошоски: Собранието да се обедини околу заедничка резолуција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениткот од ВМРО-ДПМНе Антонијо Милошоски ја информира јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ во следните денови ќе ја достави предлог-резолуцијата до Собранието.

Предлог-резолуцијата ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции, но исто така и позициите во однос на какви било негирања на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет, бидејќи тоа е спротивно на европските вредности, соопшти Милошоски.

Тој рече дека законодавниот дом е вистинското место каде што наместо поларизација политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција.

Резолуции по националните прашања се носат и во Бугарија, и во Германија, и во Словенија, и во Романија, и во Италија. Тука зошто Македонија би била исклучок, и зошто власта не би била спремна во Собранието да отвориме расправа и да изградиме широк консензус за предлог резолуцијата за македонските црвени линии која што доколку се усвои од Собранието на Македонија нема да биде од помош само за македонската дипломатија и општество туку ќе им помогне и на нашите пријатели во рамките на ЕУ. Бидејќи оваа предлог резолуција се заснова на повелбата на Обединетите Нации и на Конвенцијата за човекови права на Советот на Европа од Стразбур.

Според опозицијата, владејачката коалиција, опозиционите партии и секој пратеник поединец би било добро да ја разгледаат оваа предлог-резолуција.

Во следниот период ќе направиме напори за оваа предлог резолуција во Собранието да разговараме со пратениците од Алијанса, Алтернатива, од ЛДП, од ДОМ, од Демократски сојуз, од Левица, и од други партии кои што ценат дека една заедничка политичка предлог резолуција ќе ги зајакне македонските дипломатски позиции, а исто така ќе упати една праведна и јасна порака и до Бугарија и до нашите пријатели во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот пристап би бил сериозен и одговорен, и носењето заедничка политичка резолуција за македонските национални позиции за евроинтеграциите врз основа на македонскиот идентитет како европска вредност е корисна работа и граѓаните тоа би го поздравиле.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This