Поранешниот директор на Сорос Македонија Владимир Милчин продолжува да ја критикува политиката на Заев. Во коментар на видеопораката на премеирот дека промените не ги носи една влада или 20 луѓе, туку сите два милиони граѓани, Миличин го коригира премиерто дека наместо да бара одговорност кај насродот, треба да ја исчисти својата околина од неработници, климоглавци и нњкадарници.
Мајката! Итроштини ќе си продаваме? Владата ќе распише избори за нов народ зашто постоечкиот не е на висината на задачата? Наместо ваквите урамниловки на одговорноста, премиерот и ополномоштениот лидер на СДСМ треба да ја исчисти својата околина од неработници, климоглавци, некадарници и паразити кои земаат плата дури и без да нишаат врата. Зошто не го направи тоа кога вети? Зашто во врвовите на власта сите си ги знаат престапите и гревовите? Заговор за молчење кој Македонија го плаќа скапо. Власта си е наша и само наша, а одговорноста е и ваша, ни порачува Заев, пишува Милчин.