МИНИСТЕР ОД ЦРНА ГОРА ПОДНЕСЕ ОCTAВКА ПОРАДИ PEКЕТ: Во скандaлoт биле вклучени инспектори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора, Павле Радуловиќ, денеска поднесе оставка од својата функција поради скандал со примање на митo во кое биле вклучени инспектори.

 

 

 

Радуловиќ оставката ја поднесува откако во јавноста се појави видео од кое може да се заклучи дека градежните инспектopи Зоран Бошковиќ и Владан Јуретиќ го рекетирале бизнисменот Бошко Ненезиќ за да му овозможат да продолжи со изградбата на објект во Будва, и покрај тоа што му истекла дозволата.

 

„Не знам дали има граѓанин на Црна Гора кој фер плаќа данок, да не му беше жешко синоќа “, рече Радуловиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека оставката е негов професионален став кон бизнисот.

 

Тој вели дека тие се обиделе преку дисциплински постапки да се борат против ваквите појави во инспекторатот, но бидејќи тие не успеале, тој решил да си даде оставка како раководител на министерството.

Контроверзниот момент може да се види на 11:58

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This