Мисајловски: “Инcтитyциитe ce нa aпapaти зa дишeњe, нeмa пapи зa плaти, нeмa пapи за ништo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за вториот ребаланс на Буџетот рече дека власта посочува оти има пари за последиците од корона кризата, но лаже.

– Вие велите за корона кризата има пари, но не е така. На пример, за инфраструктура нема пари, но има за министри, за нивни родители, роднини. Во оваа држава се е наопаку. Институциите се на апарати за дишење, нема пари за плати, нема пари за ништо. Здравство едвај функционира. Жално е што вие како пратеници од власта правите политикантство и тоа го правите дури и сега во оваа корона криза. Незрело е однесувањето на вашиот министер Венко Филипче. Велевте ниеден доктор не треба да го гледаме никако поразлично, освен како доктор. А што направи вашиот министер со морбидното, срамно видео? Ги навреди сите, токму тој кој треба да се грижи за сите. Со вакви политики од министер кој плука по сите, тоа е срамно за државава – рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека власта во ваков период на сериозна криза предизвикана од корона нема никаков план и за ништо.

– Немате стратегија што ќе се случи потоа, велевте ќе има нови бранови, а кај нас бранот никогаш не запре само се зголемува. А вашите политичари што прават, се потсмеваат со сите кои мислат поинаку – рече пратеникот.

Според Мисајловски за корона кризата прво треба да се слушне зборот на медицинската фела, а не како што рече „на оној Караџовски кој вика по телевизии“.

– Затоа опозицијата ќе поднесе предлог и ќе видите како треба да се одвива работата на една стручна комисија за заразни болести. Кај вас се е купи ден продај, нема стратегија за ништо. За се ја обвинувате опозицијата, за корона, за Буџет – кажа Мисајловски.

Мисајловски укажа дека власта нема план ниту како да го полни Буџетот, ниту овој, ниту оној што треба да се планира за следната година.

– Со кој капитален проект ќе го полните Буџетот, еве имате ли план за следната година за Буџетот и како ќе го полните. Дали имате предвидливост за економијата, дали има излез. Сите почнуваат со сериозни и прецизни мерки, а имаат стабилни институции. Скратете ги расипничките политики и се она што не е во функција на решавање на последиците од корона кризата – рече Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This