Мисајловски: Убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во централниот дневник на Сител телевизија. При своето гостување посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори.

„Не треба да има бојкот на локалните избори, за тоа што јас сум убеден дека ќе имаме многу победи во многу градови во Македонија. И убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и расположението е такво“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека штета е што се поигруваат од власта со Законот.

„Зборувам за оној Закон каде што убаво стои во Изборниот законик дека треба да се набават апаратчиња за отисок за овие избори. Има доволно време. Зборам секој граѓанин кога ќе отиде на следниве локални избори во Законот е поставено дека власта мора да ги набави овие апаратчиња за отисок и на таков начин да се гласа. И во тоа сите партии се сложни. И тоа не е пречка. Пречка е што се нема започнато постапка“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи дека има средства овие апаратчиња за отисок да се набават.

„Ние треба како ВМРО-ДПМНЕ да си ги ставиме на располагање сите наши структури и да имаме легални избори. Ова го кажувам бидејќи сведоци сме на минатите локални избори колку имаше поткуп, и на овие избори што се случија, и за референдумот како се гласаше исто на две – три секунди. И затоа ние го бараме ова да се спроведе“, рече Мисајловски.

Мисајловски појасни дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да победи на сите избори, какви и да се.

„Но, ако власта ова не го направи, значи тие се спремаат за фалсификат. Е, тоа е проблемот. И тоа прашање треба да биде во јавност кренато, но ако Албанија може за три месеци да ги набави, ние имаме повеќе од три месеци и сето тоа може да биде средено“, истакна Мисајловски.
Мисајловски додаде дека прашањето околу набавката за апаратчиња на отисок може да се среди и затвори за 3-4 месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This