Митовски: Нинџа никогаш не бил во штабот на ВМРО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Митовски во денешното гостување во „Заспиј ако можеш“ зборуваше за судењето за 27 април, односно за сведочењето на клучниот сведок Александар Василевски Нинџа, кој неколку пати го промени својот исказ. Првиот исказ, во кој информациите сесосема поинакви од оние врз основа на кои е донесена преудата, е отстранет од списите на предетот и не е земен предвид во текот на постапката.

Митовски прочита дел од вештачењето кое целосно го побива сведочењето на Нинџа, според кое тој додека траел упадот во Собранието на 27 април тој бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, на осмиот кад каде што биле според него, наводно биле Миле Јанакиевски, Спиро Ристески, Бетмен, Борис Дамовски, и не знам кој се не биле, Сашо Мијалков, Никола Груевски, односно Никола Груевски бил на пат па подоцна дошол, тоа стоеше во сведочењето.

„Во вештачењето се гледа дека тој воопшто не бил внатре во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, односно во два наврати во ова вештачење тој се појавува во базбата станица на ВМРО, така се вика базната станица микро станица ВМРО, којашто се наоѓа во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Во два наврати се појавува, но во времетраење од 40 секунди односно две минути. Тоа значи дека само поминал покрај ВМРО-ДПМНЕ. Но и кога поминувал покрај ВМРО-ДПМНЕ, тоа било во периодот, еднаш упатен кон центарот на Скопје, а потоа на враќање (веројатно) тогаш се движел покрај ВМРО-ДПМНЕ во правец на Домот на АРМ“, рече Митовски, нагласувајќи дека Нинџа покрај штабот поминал околу 22 часот, кога беше завршено се во собранието.

Митовски додаде дека доколку Нинџа бил внатре во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, неговото присуство ќе било регистрирано во подолг временски период.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This