Бизнисменот Сиљан Мицевски, денеска по втор пат се појави во Јавното обвинитeeлство во врска со истрагата за случајот „Peкет“, а за новинарите изјави дека ќе ги бара парите што ги дал на „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13.
„Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад“, рече бизнисменот Силјан Мицевски пред да влезе на рacпит.
На 19 август, во Обвинитeeлството свeeдочеше пензионерката Лилјана Тодоровска, на чија сметка бизнисменот Силјан Мицевски на име на авторски хонорар уплати 720 илјади евра за наводен проект за старски домови.
Тодоровска рече дека парите ги подигнала во кеш и ги дала на одредено лице од Меѓународниот сојуз на Боки 13, без да прецизира за кого точно станува збор.