МИЦКОВСКИ: СДСМ подготвува целосна партизација на судството, а пресудите да ги нарачува директно Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што веќе знаете за утрешниот ден е најавена посета на еврокомесарот Хан. Во текот на утрешниот ден раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со еврокомесарот Хан. ВМРО-ДПМНЕ од европската комисија очекува принципиелност и поддршка за реформи кои ќе значат долгорочни системски решенија согласно европските стандарди. Тоа што СДС подолг период наназад го промовира како реформа во судството е само обид за целосна партизација и начин на кој што пресудите не би се носеле во судница, врз основа на докази, туку би се нарачувале директно од страна на Зоран Заев, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски одговарајќи на новинарско прашање.

-Затоа СДС изминативе месеци секојдневно ги заплашува судиите со неуставен реизбор, а сега почнуваат да пристигнуваат и информации за промена во начинот на избор на судскиот совет. Јавноста треба да знае дека во моментов 5 членови на судскиот совет се избираат на предлог на Претседателот и Собранието, додека останатите 8 се бираат од страна на самите судии на тајно гласање. Тоа на кое што СДС е фокусиран во моментов не е начинот на избор, туку персоналниот состав. СДС сака да инсталира партиски кадри кои потоа би помогнале во реализација на крајната цел, заплашување и целосна партиска контрола на судството. ВМРО-ДПМНЕ ова нема да го дозволи ова!, рече Мицковски.

Република Македонија и граѓаните веќе еднаш беа жртви на брутална партизација на судството, нагласи тој.

-Паметите, за само неколку часа СДС разрешија и реизбираа 617 судии. Сведочењата од тој период говореа дека мислењата се чекале од општинските организации на СДС. Сите видовме до што доведе ваквата брутална партизација. Следуваше криминалната приватизација во која беа затворени стотици фабрики, а стотици илјади вработени останаа на улица. Целокупниот систем и државните институции беа уништени и клекнати на колена. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на повторувањето на ваквото сценарио!, рече Мицковски.

Тој нагласи дека Европската унија, минатата година остро се спротистави на реформите во судството кои ги предлагаше полската влада. Истите беа протолкувани како политички притисок врз судството.

-Оттука, ВМРО-ДПМНЕ очекува еврокомесарот Јоханес Хан да остане принципиелен и да не се воведуваат двојни стандарди., односно истите впечатоци да ги пренесе и во текот на средбите со политичките елити во текот на утрешниот ден. Едни кои важат за членките на ЕУ и други кои важат за Република Македонија се неприфатливи. Тоа што важи за членките на ЕУ тоа да важи и за Република Македонија, рече Мицковски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This